Таков бил случајот и со нејзините сопственици, кои во неа препознале идеално катче за уживање во убавините на природата. Ана и Кристофер негуваат страст кон малите задоволства во животот, како што се берењето печурки и испивањето шолја топло чоколадо, а оваа мини оаза им нуди идиличен амбиент за комплетно исполнување на нивните желби. Уште однадвор воодушевува, со изгледот на романтична колиба и прекрасно средениот двор, а внатре гостопримливо дочекува во топол ентериер исполнет со многу симпатични и интересни детали. Традиционалните рустични допири во внатрешноста, умешно се разиграни со шик декорации на кои е обрнато големо внимание. И’ даваат посебен шарм на секоја просторија, од комфорната дневна соба, па се’ до атрактивната спална соба со тапет со шумски мотиви. Спој на класика, традиционален и модерен дизајн, во кој за топлината задолжени се многубројните дрвени елементи, убавите прекривки и двата камина, а не изостанува ни светлината, внесена преку големите прозорци и изборот на свежи и блескави нијанси на бои во ентериерот. Иако со скромна големина, целосно е оспособена за удобен престој, нудејќи безброј можности за минување лежерни мигови во топла, пријатна и релаксирана атмосфера. Совршена викенд инспирација!
Шик викендичка со топол амбиент
Слатка, кокетна и бескрајно топла – оваа мала викендичка во Полска е едно од оние места во кои се вљубувате на прв поглед.