“Lean In Collection” e серија фотографија која содржи над 2 500 фотографии каде што се претставени жените во современиот живот. Ова е проект на Getty Images, кој започнал кога Pam Grossman започнала студија која ќе ги следи промените во претставувањето на жените и девојките во медиумите. Фотографиите ги претставуваат жените како лидери, секоја на посебно поле, успешни во она што го работот, без разлика дали избрале да бидат автомеханичар, дрводелец, ветеринар, менаџер или домаќинка.
„Овој проект е важен за сите нас. Им претставуваме фотографии на успешни жени во различни полиња, кои можат да го променат мислењето. Претставени се жени со различни професии, успешни дури и во професиите кои заедницата ни ги наметнува како машки професии, со различна возраст, раса и семејна ситуација.“