Можете деновиве да чуете различни ставови за денешниот празник. Некои го слават денот на љубовта, некои денот на виното, некои ја комбинираат љубовта со виното, додека некои не се фанови ни на едниот ни на другиот. Ваше е единствено да не се грижите, добро да се релаксирате и да го резервирате престојниот викенд за некој добар филм.
Следната листа, од десет филмови, е направена за безнадежните романтичари:
На десетото место ни доаѓа никој друг, освен добриот стар Чаплин и слепата девојка која продава цвеќиња. Приказната е слатка, едноставна и романтична.
10. City Lights
Деветото место го зазема една пореалистична љубовна приказна која ја напушта типичната лажна совршеност во врските. Се работи за две личности кои не се целосно компитабилни, но сепак наоѓаат компромис и разбирање.
9. Say Anything…
Осмото, седмото и шестото место одат кај 18 годишната триологија на Richard Linklater.
8-6. Before Sunrise/ Before Sunset/ Before Midnight
Петтото место оди кај една тивка, тајна афера, но со изненадувачки голема љубов.
5. In the Mood for Love
На четвртото место доаѓа познатата приказна од еден од романите на Николас Спаркс.
4. The Notebook
Третото место заслужно оди кај еден познат класик.
3. Casablanca
Второто место оди кај посовремена приказна од 21виот век.
2. Eternal Sunshine of the Spotless Mind
Како најромантичен филм на нашава листа се издвојува една преубава љубовна бајка, која дефинитивно ќе го обележи денешниот празник.