Се помалку луѓе поради брзиот начин на живот и многуте обврски уживаат во уметноста. Се помалку луѓе посетуваат музеи и галерии. Воден токму од тој факт, францускиот уличен уметник Etienne Lavie работи на проект насловен како „OMG, Who Stole My Ads?”. Како што наведува самото име на проектот, станува збор за замена на билбордите полни со разни реклами со класични уметнички дела. Така минувачите може да уживаат во уметноста и додека одат на работа и ги извршуваат секојдневните обврски. Што мислите за оваа идеја?