Минималистичкиот стил како ретко каде освојува во ова мало станбено катче, покажувајќи се како вистинското решение за уредување на скромните 52 метри квадратни со кои располага. Нежен, романтичен и блескав ентериер, со елегантен и шик дизајн во кој преовладува женствената нота. Белата боја и светлината доминираат, и не само што визуелно го зголемуваат просторот, туку и му даваат многу свеж, чист и префинет изглед на целиот стан. Стилски, сите соби формираат една компактна целина, со малку мебел, суптилните акценти во пастелни нијанси и префинети детали. Декорациите се внимателно одбрани, и тие се оние му даваат посебен шарм на секое катче, нежно разигрувајќи ја белата монотонија. Фаворити? Кокетниот фрижидер во ментол зелена нијанса, ѕидниот декор со модни илустрации и неодоливиот лустер од тул. Кој е вашиот?