Февруари е несомено месец на љубовта. Еуфоријата околу подароците, изненадувањата, смислувањето на поетски мали композиции, како и слатки чоколадни бомбониери во облик на срце го создаваат духот на Валентин. Но, зошто да не едно така фино патување за следниот викенд?
Доколку да, каде би патувале?
Еве неколку идеи од Divian Arts…
1. La Tour Eiffel
Првата асоцијација на Париз е Ајфеловата кула. Искачувањето на неа е искуство кое едноставно мора да се доживее. Погледот на Градот на светлината е неверојатен, исто како романсата која се чувствува во воздухот.
2. The London Eye
За време од триесетминутна ротација, ќе уживате во убавината на тмурниот Лондон. Преубавите глетки, тајните бакнежи во стаклената кабина, додека капки дожд нежно удираат, креираат неверојатна валентајнска атмосфера.
3. Wailea Beach
Пријатна попладневна прошетка низ една од најубавите плажи на Хавајските Острови е нешто кое на сите ни е потребно по долгите стресни работни месеци. Задолжително сончање, пливање и сурфање.
4. Stowe, Vermont
Во Laughing Moon Chocolates ја имате можноста да направите само чоколадо, како совршен подарок за саканата личност, или пак да ја искористите оваа можност за да ги извежбате заедничките креативни вештини.
5. Manoa Falls
На само 20 минути од туристичкиот метеж во Хонолулу, можете да ја почувствувате разбудената природа кај овие водопади. Идеално за да се направи мирен и тивок романтичен пикник.
6. Hotel Del Coronado
Омиленото престојувалиште на L. Frank Baum, авторот на “Волшебникот од Оз”. Со интересна архитектура, сместен на крајбрежјето на Сан Диего, овој хотел дефинитивно ќе стане меѓу омилените.
7. Golden Gate Park
Иако е во Сан Франциско, околината на овој парк прави да се чувствувате како во Јапонија. Можеби е до барата, многубројните цвеќиња или чајот, но овој парк ќе го одложува Вашето заминување колку што може подолго.