Совршена потврда дека димензиите не пречка за функционален и пријатен дом, е овој минијатурен стан во Одеса, Украина, кој е со вкупна површина од само 35 метри квадратни. Идејата и планот за уредувањето на ентериерот е дело на дизајнерот Denis Svirid, а може да се пофали со многу комфор вдахнат во малку квадрати. Дизајнот е функционален и практичен, при што креиран е паметен распоред на две нивоа, искористувајќи го недостигот од поголем расположлив простор како предност во проектот. Ѕидовите се обложени со дрво, декорот е минималистички, а акцентот е ставен на обезбедување што повеќе простор за складирање, и покрај малите пропорции на станот. За да се заштедат средства, изградена е мансарда на второ ниво, како поедноставно и поисплатливо решение од тоа да се зголемува долното ниво. На тој начин, обезбеден е приватен простор за спална соба, гардеробер и бања на горниот кат. Иако дел од просториите се исклучително мали, како што е спалната соба со редуцирана висина, тоа воопшто не е лоша идеја, бидејќи и дава многу пријатно и интимно чувство, особено дрвените допири на таванот. Дневниот престој е со површина од 11 м2, во кои умешно се интегрирани кујната и трпезаријата, под скалилата е сместена домашна канцеларија со екстра простор за складирање, а вишокот квадратура е искористен за уште една бања плус. Пронајдете ја омилената идеја и за вашето катче за живеење.