Суптилен танц на сенки и бои во Охридското Езеро, овековечен на зајдисонце во извонредна фотографска композиција од објективот на Марјан Петковски. Фотографијата ги освои љубителите на фотографската уметност ширум светот, наоѓајќи се неколку дена на самиот врв на најпопуларни фотографии на 500px. Денес, токму таа е нашиот избор за фото на денот. Уживајте во сите магични нијанси на колоритното зајдисонце во Пештани.