Многу одамна, во едно царство царот ги собрал сите мудреци од неговото царство. Ги однел пред една огромна врата и ги прашал дали би можеле да ја отворат. Првиот мудрец размислувал на кој начин би ја отворил големата масивна врата. Расмислувале и останатите. Со 100 работници, со топ, со дрво… давале секакви идеи. Еден од мудреците само молчел и на крај отишол до вратата и ја отворил. Вратата не била затворена ниту заклучена. Потребна била само храброст да се проба да се отвори.
Исто е и во животот, не плашете се ниту од најголемите врати, можеби едноставно треба да ги потурнете и тие ќе се отворат. Само храбро обидете се!