Белгискиот уметник Ben Heine е главен виновник за проектот насловен како „Молив vs. камера“. Тој создава 3D цртежи на огромни листови, за потоа да направи фотографии каде што тој ја има главната улога претставувајќи ги своите совршени цртежи. Креира свои светови и предмети кои изгледаат и повеќе од реално на фотографиите.