Зимата е навистина магично годишно време. Време за снег и мраз, време за топло чајче и планина, време за многу часови поминати покрај огнот опкружени со своите најблиски. Дури и да не сте љубител на зимата сигурни сме дека ќе уживате во овие фотографии; шума покриена со снег, смирувачки зимски пејсажи, снег во комбинација со сонце и сноубордер кој ужива во магијата на снегот и зраците на зимското сонце. Направени од различни фотографи со различни приказни во себе, но со заедничка основа – магијата на зимата. Прекрасни се, зар не?