Siren Elise Wilhelmsen е норвешка дизајнерка, препознатлива по дизајнот на објекти кои се спротиставуват на концептот на традиционалната функционалност и ги трансформираат природните материјали во сложени механички предмети. Пример за тоа е часовникот кој 365 дена со секое отчукување постепено плете уникатен шал, како што секоја година е сплет од убави мигови и разни случувања.