Козите дури и во најкарпестите предели успеваат да најдат растенија со кои се хранат. Токму за ова сведочи и фотографијата која е наш денешен избор за фото на денот, дело на Renato J. López Baldó. Renato e воден од тоа дека секоја фотографија има своја приказна и секое суштество е учител за човекот. Приказната во оваа фотографија е очигледна, а лекцијата која може да ја научиме е дека и во најтемните моменти има светлина, како што и во најкарпестите предели има храна… едноставно треба само храбро да ја побараме.