Remi Noël е француски фотограф фасциниран од американската култура. Пораснат со познатите херои од Холивуд тој сфаќа дека тој може да биде „херојот со фотоапаратот“, а неговата моќ е да создава фотографии кои ќе бидат реконструкција на сликите во неговиот ум. За време на својата посета на Тексас тој создава креативни фотографии каде што главна улога има мала фигура на Бетмен.
Ви претставуваме дел од фотографиите каде што ќе ги забележите „авантурите“ на Бетмен во Тексас, создадени со објективот на Noël.