“Не знам кој направил, но беше било направено секој да си одбере по една страна во животот. Всушност, таа страна друг ни ја избира, но сите ја засакуваме како сопствен избор. И едни стојат на едната страна, други стојат на другата. И не знаеш кој стои на погрешната страна. А и не знаеш зошто сите мислат дека се на вистинската. И се гледаат сите така од својата страна, се гледаат. И се мразат со омраза која ја имаат и кон себе си. Така и си завидуваат, така и се презираат или се клеветат. Или можеби се љубат?”
“Тунел” – Петре М. Андреевски