Ако не поседувате визија како изглеа една совршена библио-куќа со посебен дел од истата наменета за светилиште на книгите, тогаш погледнете го ремек-делото на Platform 5 Architects сместено во Лондон. Клиентот, очигледно вљубеник во книгите, одлучува да ја довери својата богата колекција книги на дизајнерската визија, кој на крајот завршува импресиониран од резултатите: нагласувајќи го природниот изглед на просторот, архитектите вметнаа кула од полици во срцето на куќа, библиотека на двојно ниво која се обвиткува околу скалите. Патем, горниот кат располага со мини-канцеларија.
Сопственикот на овој книжевен рај вели дека „ништо не се споредува со мирисот на книгите, мирисот на дрвото“, задоволен што неговите стотици наслови завршија како скриени љубовници на дрвената контрукција, давајќи посебен карактер на просторот во целина.