Со скромната површина од 55 метри квадратни, овој стан во поткровје е одличен пример, како со добро осмислена реформа и внимателен избор на декорации, малиот расположлив простор може да се трансформира во извонредно убав дом со пријатен амбиент. Сместен е на последниот кат од станбена зграда во северниот дел на Мадрид, а воодушевува со начинот на кој е дизајниран целиот простор, особено со блескавиот изглед кој е постигнат во ентериерот. Сјајниот ефект е резултат на мноштвото сончева светлина која продира од прозорците, но и деликатната шема на бои, кои се комбинација на неутрални, свежи и пастелни тонови. Со паметниот распоред, поделен е на две зони, и располага со дневна соба, трпезарија и кујна, плус спална соба и целосно екипирана бања. Секоја просторија е засебно стилизирана, хармонично вклопувајќи се во целината со нежен и софистициран дизајн. Прекрасна инспирација!