Дизајн-студиото Hey!Cheese со седиште во Тајван, со своите креативно-практични идеи создаде еден проект којшто е наречен “Perfect Cat House”. Освен што сопствениците успеале да и оддадат чест на нејзиното Височеството, мачката како полноправен член на семејството, тие направиле истиот простор да биде совршен модерен стан и за самите нив.
Клучен акцент на станот е стилската, минималистичка полица како простор за игра на мачката – бидејќи таа ужива да ги истражува насловите, да се движи нагоре-надолу по полиците и следно, да размислува за истите додека се одмара на софата…