Bill Rauhauser е фотограф кој повеќе од 60 години од својот живот ги посветил на фотографијата. Оваа година на 95 годишна возраст, тој е добитник на 2014 Kresge со што добива признание за неговиот допринос во културната заедница на Детроит. Неговите црно-бели фотографии се изложувани во Музејот за модерна уметност во Њујорк, а моментално може да се најдат во Карл Хамер галеријата во Чикаго. Ви претставуваме дел од неговата работа од 1950-тите до 1970-тите години.