Кога едно дизајн студио со име UnCommon Beat ќе замисли одличен типографски проект наречен „Црната книга на карти“ – тогаш идејата мора да се реализира. Истото се случува преку креирање шпил на карти од двајца типографски дизајнери кои создаваат единствена игра со вметнување на зборови и вредности кои се карактеристични за секоја карта поединечно. Дополнителна длабочина и мистика е додадена преку црно-белиот избор на целосниот изглед на проектот.