16ти декември, датумот којшто книжевниот свет го празнува како годишнина од раѓањето на големата авторка Џејн Остин денес изнесува точно 240 години. Да се живее во апсолутна популарност во книжевните кругови повеќе од два века е достигнување за кое многумина можат единствено да проектираат мисловна именка. Во името на таа цел, доволете нѝ да Ви го прикажеме следното.
Обично се случува следното: дури и да сте краен обожавател на имагинативното искуството од романите на Џејн Остин, ретко се случува да ја изделите визуелизацијата од бројните филмски и ТВ адаптации кои ги обележаа последните 20тина година. Првата помисла на г-дин Дарси Ви е Колин Фирт? Но, не и на читателите од 19тиот век, бидејќи British Library има збирка од изданијата во тоа време, кои останале недопрени сцени од кои зрачи елеганција, едноставност и класика.