„Сеуште ја имам оваа детска фасцинација со мојот ракопис“,
пишува Сузан Сонтаг во нејзиниот дневник од 1949 година. „Мислам дека секогаш имам еден сензуален потенцијал кој блеска во рамките на моите прсти“, продолжува таа – каде што истата инспирација е позајмена во „Self-Portrait as Your Traitor“, како прекрасна колекција на рачно создадени песни и есеи со илустрации, потпишани од авторката Debbie Millman. Брилијантен ракопис на 21виот век, моливи во боја и пресек на длабоките лични, но и универзални мотиви се карактеристиките кои што ја дефинираат оваа книга како креативен формат, полн со текстура.
Своевиден напредок во книжевноста, каде што ова храбро и трогателно олицетворение на трудот поставува рекорд создаден од женски раце, рекорд кој истовремено важи за израз на уметничко-личен код на пишување, исполнет со мудрост за животот.