Зар не би било прекрасно да се поседува магично стапче кое би ги елиминирало сите Ваши несигурности и само-презир, обвиткани во вечната борба за убавина? Што ако може да се дистанцирате од сето тоа и едноставно да си го живеете сопствениот живот фокусирани на она што не прави среќни и самоувeрени? Со малку пракса, се може да се постигне!

Ние Ви нудиме 13 начини да се чувствувате апсолутно прекрасно со мала модификација на Вашето однесување и став, со секојдневните радости и малите нешта кои Ви се на дофат.

.1.

1. Смејте се.
Тоа го осветлува Вашето лице. Ја активира среќата во Вашиот мозок. Прави другите во Вашата околина да се чувствуваат исто.
2. Запаметете го Вашиот телесен став.
Застанете исправено, зафрлете ги рамениците наназад. Држете ја главата високо. Веќе изгледате сигурно, енергично, моќно.
3. Ценете ги Вашите недостатоци.
Тие се потсетник на Вашата врска со човештвото.
4. Сакајте го Вашето тело.
Без разлика на Вашата величина, возраст или облик – Вашето тело е чудесен храм во кој почива Вашата личност.
5. Изразувајте се.
Кога Вашите емоции испливуваат експресивно, исполнетоста на Вашата личност блеска. Зар има нешто поубаво?
6. Возбудувајте се.
Дозволете си ентузијазам и адреналин. Прегрнете го животот со обете раце!
7. Вежбајте.
Престанете со казнување на Вашето тело. Внимавајте на исхраната и практикувајте макар и ситни вежби. Ќе бидете изненадени од наградата.
8. Признајте си ја внатрешната убавина.
Земете хартија и пенкало и запишете ги сите убави работи кои сте ги направиле и кои Вам ви ги направиле. Така сте создадени, така функционирате, Вие сте центар на убавината.
9. Практикувајте добрина.
Бидете светилник на надеж и мир.
10. Не се обидувајте премногу силно.
Не претерувајте со шминка, облека, вежби – тоа ќе Ве направи очајни. Што апсолутно не е синоним за убавина.
11. Станете инспирација.
Правете убави нешта. Бидете пример за убавина. Практикувајте убавина. Несомнено ќе станете нечија (или масовна) муза.
12. Погледнете се себеси низ очите на некој Ваш близок.
Начинот на кој Ве гледаат најмилите е огледало на афекцијата која им ја пружате.
13. Гушкајте се често!
Споделете љубов, споделете физички контакт со пријателите и семејството. Или избраникот/избраничката на Вашето срце.
Тоа е бездруго, срцевина на постоењето…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТипокујна: Изложба на македонски фонтови
Следна објаваDior | Златен Божиќ
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР