Велат, вообичаено не е важно што подарувате, се’ додека подарувате со љубов. Кога во Вашиот круг на пријатели има страствени љубители на книгите – некои повеќе, некои помалку, нашите совети околу тоа што да подарите на библиофилите, односно да им подарите љубов, да им подарите ум беа сконцентрирани околу прашањето „што“. Овој пат, Ви даваме идеја „како“! Во овој период од годината се чини како секое лице да се смее, а сечие срце да грее – продолжете ја магијата со тоа што ќе ги израдувате Вашите библио-пријатели со тоа што ќе им подарите нешто поврзано со книга, завиткано со книга… неколку предлози следуваат во прилог. Доживејте го трансферот на желби!