Божиќното расположение е неминовна иритирачно-пожелна состојба на духот во овој период од годината – безразлика дали веќе сте го украсиле Вашиот дом, Вашето биро или било кое место на кое поминувате највеќе време во текот на денот; ние Ви предлагаме еден интересен Направи сам проект кој дополнително ќе Ви го разубави сезонското расположение. Напоменавме дека истиот проект ќе биде најзабавен за библиофилите? Но, не условно…
Потребно Ви е:
– книга која не ја користите (или сте ја прочитале незнаен број пати, или не Ви се допаѓа содржината – а, не служи за подарок);
– лепило;
– лампион;
– мини-свеќник, за да послужи како основа.
Нема да Ви го одземаме вниманието со премногу текст, туку ќе Ве препуштиме на два фото-колажи каде се објаснети постапките до ова мало ремек дело. Не заборавајте, штом завршите да ни испратите фотографии!