Дизајн-компанијата DayCraft настапува со идеја која ќе Ви влијае врз апетитот: наречен bRead notebook, овој проект е создаден во чест на најосновната состојка на секој оброк – лебот. Тетратки кои навидум изгледаат како парчиња леб, со импресивен наслов „Delicious Notebooks“ се како создадени да стојат на полицата во Вашата кујна, како совршено место каде ќе ги пишувате Вашите омилени рецепти. Препорачани или измислени, воопшто не е важно.