Станот е лоциран е во романскиот град Арад, а за неговиот модерен дизајн заслужна е архитектката Cristina Bordoiu, која забавниот, но функционален концепт го осмислила и развила базирајќи се на две инспирации: бициклизам и природа. Ентериерирот ја евоцира радоста од возењето велосипед во природа, а просторот е исполнет со ентузијазам и многу позитивни вибрации, восхитувајќи со ведриот и пријатен амбиент во секое катче. Изборот на бои ги следи тоновите на природата: беж, кафена и зелена боја, кои во станот ги пресликуваат нијансите на песокот, земјата и вегетацијата, заедно со повеќето живописни акцентни детали и декоративните елементи. Целиот мебел е изработен по мерка, во целост да одговори на потребите на младиот пар кој живее во гарсониерата. Отворената спална соба е усогласена со темата, нудејќи им на станарите чувство дека спијат ,,во природа’’, колку е тоа возможно. Поголемиот дел од просторот за складирање, како и во повеќето мали станови, вешто е затскриен. Она што е најнагласено буквално во секој простор е љубовта и фасцинацијата од велосипедите, со изборот на убави декоративни детали, а највоочлива е во бањата, во која е создадено вистинско мини ремек дело од стариот велосипед.