„Dark Venice“ е серија фотографии на Alessandro Cancian, кој ни ја претставува преубавата Венеција обвиткана во темнина. Интригантни пејсажи со моќни сенки без светлината на денот. Романтика и морничавост, нешто што Cancian го нарекува „слој од ангелското и демонското на градот на вода“ претставено преку темните плоштади и празните улици. Би посакале да бидете една ноќ во Венеција, зар не?