„Книгите за готвење, треба да се нагласи, не припаѓаат во кујната. Претежно ги чуваме таму за добриот изглед и синхронизација со просторот. Повремено, ги тестираме нивните страници поради живописните глазури или примамливи состојки…“
– Ентони Лејн
Вкусната уметност од San Francisco Museum of Modern Art рекреирана на домашната трпеза? Тоа е изводливо благодарение на „Modern Art Desserts“ – делот на слаткарот Caitlin Freeman. Книгата содржи 27 неверојатни рецепти за десерт кои може да ги испробате сами, каде секоја од нив е инспирирана од реално постоечно, вистинско дело кое стои во музејот. Вљубениците во уметноста ќе бидат веднаш заинтересирани да ги испробаат овие рецепти, затоа што нема човек кој не би се воодушевил на овие слатки уметнички дела.