Украински архитект чие реновирање на станот на една креативна двојка во Киев предизвика внимание поради функционалната внатрешност со корисна комбинација на еколошки современ и декоративен материјал, дизајн и бела техника – сепак, она што му вдахнува душа на просторот е масивната библиотека која што зафаќа 3/4 од просторот на ниво, сместена на самите ѕидови.
Концептот на постојано движење станува главна вокација на планирањето на просторот, осмислувањето дизајн и стилски решенија за ентериерот; каде што двојката побарала да се стави акцепт на нивната нејзнајна бројка креативна литература. Така што, овој концепт го реализира токму тоа: отворање на просторот кон еден нов свет, светот на книгите кои се само еден чекор одвоени од откривањето на уште милион такви светови.