Без да жалиме по изминатото детство и да критикуваме за низата можности кои денешните деца ги земаат здраво за готово, само ќе потврдиме дека едноставноста и достапноста на нештата ги надмина сите креативни граници. Типичен пример за оваа констатација претставува денешната галерија посветена на супер библиотеката во Monterrey, Mexico: главен фаворит меѓу децата, во време на популарните е-книги, е-читачи и понудени видео игри.
Некаде околу лавиринтот на Пан со комбинација на сцени од филм на Дел Торо, оваа урбана археологија во Мексико е совршено трансформирана во културен центар позади кој стои дизајн-тимот на Anagrama, најмена од страна на Conarte (Council for the Culture and Arts of Nuevo León). Резутатот е очигледен. Своевидна модерна бајка со асиметрична платформа во центарот на просторот со полици кои се наменети да ги имитираат познатите планини во Монтереј. Светли, шарени полици долж ѕидовите и неонски розов покрив кој го зачувува индустрискиот карактер на објектот, но несомнено создавајќи една забавна и пријателска атмосфера за уживање меѓу книгите.