Идилата на зимското предпразнично расположение не натера да Ви предложиме еден интересен Направи сам проект за кој веруваме дека ќе Ви го исполни домот со неверојатна топлина и арома, независно за кој од примерите ќе се одлучите. За старт, потребно Ви е…
– стапчиња цимет
– лепило
– слободно време и
– добро расположение.
Идејата е да се направи нешто од ништо: новогодишни украси, лампиони и венчиња, уникатни кутии за подароци или пак интересни свеќници за на маса. Изборот е Ваш, додека идеи има на претек. Во прилог, погледнете за што се одлучивме ние… патем, наш совет е да се забавувате и да уживате во мирисната нота на Вашите нови украси!