Рачно изработени плочки, дрвени греди, теракотни подови, ѕидови од камен…Секое катче во оваа новоизградена куќа, сместена во идиличниот крај Cantabria, восхитува со традиционалниот топол изглед на рустичните ентериери. Викенд куќата е наменета за бегство и пауза од секојдневната бучава и стресна динамика, па создавањето на пријатна атмосфера е од примарна важност во нејзиното уредување. Природните дрвени допири и удобниот мебел, заедно со топлината од каминот поставен во дневната соба, со сигурност придонесуваат за постигнување на целта. Изборот на суптилен текстил и светлата шема на бои, пак, внесува дополнителен комфор и релаксиран амбиент. Прекрасна викенд инспирација!