Новите сноуборд чизми од Најк LunarENDOR QS се изработени по најнапредна технологија со врвен стил и перформанси. Со додавањето на специјалната Lunar пена, Најк обезбедува мека, но динамична, одговорна и природна поддршка на нозете и колковите при возењето, перфектно зачувувајќи ја топлината. За поголемо шоу при бордањето се додадени и 30 ЛЕД диоди кои го оформуваат препознатливиот знак на брендот. Во продажба ќе бидат пуштени на средина на месец декември.