Ако и Вие спаѓате во категоријата нестрпливи готвачи, тогаш имаме генијален начин да го искористите Вашето време за чекање: Kitchen Bull е нов концепт за складирање книги, замислен и реализиран од страна на Toro Legno во облик на минијатурна библиотека за готвачи. Секако, наменет за книги за готвење, списанија и прирачници за гурмани – со духовит дизајн, современ модел кој лесно би се интегрирал во сечија кујна. Освен тоа, нуди и можност за пласирање ножеви за лесен дофат и маневрирање во кујната. Па, спремни за ескпериментирање со денешниот ручек?