,,Chateau Les Carrasses’’ е чудесно место на југот од Франција, кое може да се пофали дека го има најубавиот рецепт за доживување на магијата на овој идиличен крај – архаичен замок од 19-тиот век, древна винарија и беспрекорен амбиент во кој до детал се негува духот на минатото….И повеќе од доволно е за волшебно искуство и автентично уживање во секој миг од сказната наречена jужна Франција, која никогаш не престанува да ги изненадува своите гости. Сместен е во регионот препознатлив како најголем светски производител на вино, во мирна атмосфера и опкружување од фасцинантни пејзажи. Луксузното сместување вклучува 28 апартмани и вили, повеќето со прекрасни панорамски глетки, приватни градини и базен, и сите во манир на оригиналните градби од 19-тиот век. Уредени се во елегантен француски стил, а понудата ја збогатуваат многубројните капацитети, бесконечниот базен, областа за скара, конзерваториум, овоштарник и полето со маслинови дрвца. Бистрото и барот мамат со вкусот на медитeранската кујна, како и најдобрите регионални вина и класични коктели, во кои може да ужива покрај базенот, во салонот, собите за дегустација, или на некоја од многуте тераси. Рај за душата….