Twist Me Bookcase како концепт на полица е навистина 2 во 1 производ: модерно и ретро парче мебел каде што ќе ги складирате Вашите книги. Словачкиот тим со име Mejd Studio предлага складирање преку едноставна структура којашто може да се одржува преку механизам на стегање во средината на самата полица. Единствено конфузно во овој модел е неговата синхронизација со останатиот мебел во еден стандарден дом – дали спрегата којашто потсетува на направа за вршење тортура лесно би се вклопила во обична дневна соба?