Реченицата „време е за чај“ никогаш не била поприфатлива за читателите отколку во златниот ноември: милион поводи за комбинација од шолја, ќебенце и книга. Што се случува која на тој момент се додава зачин кој го носи името Prologue Tea Co.? Серија на чаеви инспирирани од литературните класици – секоја од лименките илустрира за кој наслов, автор и жарн станува збор, со уникатна комбинација на вкусови што го карактеризира самиот роман. Како додаток, на позадината од лименката стои и упатство за употреба! Целосно препуштање на читателското искуство, каде една шолја чај едноставно не е доволна…