Следнава фото-галерија или ќе Ве натера да се вратите во универзитетските клупи или во крајна линија, ќе Ве натера да го мразите Вашиот универзитет: јасно е дека вреднувањето на библиотеката како катедрала на душата одамна е оправдано, но кога станува збор за вообичаена универзитетска библиотека, тогаш денешниот пример се смета за вонреден. Станува збор за St. John’s College, сместен во Cambridge, чија Стара библиотека ги надминува границите на времето и просторот, потребата и загубата на истите. Датира уште од 1642 година, а ги отвора своите врати за потребите на читателите дури во 1516.
Дури и никогаш да не сте посакале да бидете научник, академски граѓанин или добитник на Нобелова награда, оваа библиотека ќе Ви го одземе здивот и ќе Ве превоспита во комплетно нова личноста. Ќе додадеме само едно нешто – спремањето на колоквиуми и испити дефинитивно би се сфатило посериозно доколку би се одвивало во еден така магичен и мистичен, книжевен амбиент.