Фотографија од анонимен автор која што го носи насловот “The only listener” која што денес го заробува вниманието на DA: се работи за слатка композиција од две невини суштества, затекнати во уште посладок момент на вкусување приказна од книга. Еден од првите моменти на читање комбиниран со ретките моменти на раскажување приказна на најдобриот пријател. Единствениот кој слуша, неретко е Вашиот најдобар пријател со 4 нозе…