Не секогаш мора да потрошите многу пари за да го освежите Вашиот дом, постојат и едноставни идеи со кои може да го разубавите. Уметност распослана на ѕидовите во секој безживотен агол без разлика дали станува збор за Вашата спална соба, дневна и кујна; секаде може да насликате нешто по Ваша желба. Ние Ви нудиме неколку идеи кои ќе Ви помогнат да добиете инспирација и да ја разбудите Вашата креативност. Па што чекате? Купете бои за ѕид, четки и започнете со оживување на ѕидовите. Доколку сепак не сте вешти во работата со боја и четка, побарајте помош од некој уметник.