Уште во 2006 година, на интернет осамна еден краток анимиран филм со потпис на Jo Meuris, кој денес ни го зграби вниманието: понесени од растечкиот тренд на најновата технологија и детскиот избор да се внесат во видео-игрите и социјалните мрежи без притоа да работат на своите комуникативни вештини, Ви го презентираме ова видео. Мина е млада девојка која што мрази книги иако нејзините родители живеат за да читаат – книгите се наоѓаат насекаде низ нивната куќа што уште повеќе прави Мина да одбива да чита било што. Но, кога нејзината мачка Макс случајно ќе се најде на погрешно место, се развива еден општ хаос кој ќе ги измени работите од темел…