Сместен е на една од најубавите локации во центарот на Париз, со стара автентична градба од 17-тиот век во која сеуште носталгично се негува боемскиот дух на француската метропола. Хотелот Verneuil е место кое кани на уникатно и магично доживање во тивкиот, но многу познат париски кварт, со мистериозен шарм кој не ги оставил рамнодушни, ниту престанал да ги изненадува и инспирира бројни автори, уметници и дизајнери. Опкружен е со многу антикварници, уметнички галерии, бутици, кафулиња, ресторани и историски споменици, во непосредна близина на Лувр, музејот Орсе и Кафе де Флор, и само на 20 минути пеш од Богородичната црква во Париз. Но, и самиот хотел сам по себе е посебно искуство, во кое хармонично се вклопени сите впечатливи детали од мозаикот наречен ,,град на светлината”. Мал бутик-хотел со 4 ѕвездички, комплетно реновиран, со современ дизајн кој ги задржува автентичниот изглед и пријатниот амбиент на престојот во Париз. Располага со 26 шик стилизирани соби, прекрасна библиотека, префинети парчиња мебел и уникатен уметнички декор. А, кога на тоа ќе се додадат фасцинантните глетки кои крадат воздишки, станува јасно дека секој миг поминат овде е празник за душата, во срцето на еден од најромантичните градови во светот.