Paul Almasy е унгарски фоторепортер кој патувал низ целиот свет и создавал различни фотографии. Во текот на својата 60-годишна кариера, Almasy воодушевен од убавината на Париз посветил многу време на документирање на интимни и секојдневни фотографии токму од Градот на светлината. Неговите фотографии се ода на градот, неговата култура и начинот на живот. Безгрижноста и уживањето во малите задоволства, убавината и животот воопшто се согледува во секоја фотографија. Секоја фотографија е славење на љубовта и животот.