Eduardo Kobra e уличен уметник од Бразил кој ги разубавува улиците низ Москва. Огромен мурал „Балерина“ создаден со боите на виножитото, со фрагментирани геометриски форми кои заедно креираат приказ на руската балерина Maya Plisetskaya.
Plisetskaya е една од најдобрите балерини на 20 век, а ова дело е во чест на нејзиниот 88 роденден на 20 ноември 2013 година. Според Kobra, муралот всуштност е сцена од Лебедово езеро и е сместен во соодветна област од градот, во областа Tverskoy каде има дури 19 театри како што се Станиславскиот и познатиот Бољшој театар.