Повторно и повторно, децата се јавуваат како инспирација. Queenie Liao е уште една креативна мајка која додека нејзиниот син спие создава прекрасни сцени и серија фотографии насловена како „Wengenn во земјата на чудата“.
Кога заоѓа сонцето денот,
што го позлатува
Едно дете сонува, во светот,
на бајките патува…
Таму е толку волшебно…
Лета сонот на крилест ат
Сите можни чудеса во светот
на бајките живеат.
Во светот на бајките
Wengenn на романтична вечера, во џунгла во улога на Тарзан, искачувајќи се до ѕвездите или уживајќи во светот на музиката се наоѓа само за миг. Liao ги создава посебните светови за својот син користејќи чаршави, шалови и играчки. Прекрасно, зар не?