Има нешто во визијата на дизајнерката Ирина Тошева при нејзиното претставување на FWSK’13 од кое вреска констатацијата дека панкот не е мртов. Не само што вчерашната ревија го потврди истото, туку го надополни фактот со една женствена софистицираност, разиграност и детинетост истовремено, како комплементарен впечаток на насловот на самата колекција, Memento Mori.
Во буквален превод преведена како „Сети се дека ќе умреш“, Ирина го празнува животот преку панк-моментот користејќи ја препознатливата црна боја, на која ги придружува розовите тонови и екстравагантни фризури. Која е пораката на оваа колекција? Прави добро, живеј подобро и облекувај се најдобро; каде што акцентот повторно е ставен врз младешкиот изглед и безвременскиот стил. Симболизмот на смртта никогаш не бил толку посакуван…
Фотографиите се превземени од официјалната фан страница на FWSK, додека, пак, нејзиниот lookbook ќе излезе кон крајот на оваа недела.