Импресивен имот, сместен на површина од половина хектар во близина на Лос Анџелес, со традиционална градба која неодоливо потсетува на автентична шпанска хациенда. Вака изгледа спектакуларниот дом на филмската ѕвезда Роберт Патинсон, актерот препознатлив по водечката улога во филмските остварувања за Самрак сагата. Куќата е изградена во 1922-та година, но оттогаш е комплетно реновирана, и денес е атрактивно здание кое располага со 3 спални соби, 3 бањи, раскошна дневна соба со трпезарија, пространа кујна, но и величенствена градина и базен кои мамат воздишки надвор. Во сопственост на актерот е од 2011-та година, но, не уште долго, бидејќи веќе е ставенa на продажба и тоа за цена од ,,скромни’’ 6,75 милиони американски долари. Како ви изгледа вам?