Како вистински читател, полиците за книги треба да Ви се подеднакво атрактивни како и самите книги. Иако често се одлучуваме за јасни и едноставни дизајни од кои зрачи практичност и прегледност – Bat Symbol bookshelves како рачна изработка на Fahmi Sani е инспирирана од приказната за човекот-лилјак и вечната поврзаност на стриповите со книгите. Совршена за складирање книги, филмови и стрипови, оваа Бет-полица ќе го зачини простор на апсолутно неконвенционален начин и ќе му вдахне мистично херојска нота на Вашето библио-катче во домот.