Ме прашува ли некој што чувствувам, што размислувам, што ме прави среќна, што ја предизвикува насмевката на моето лице, а што ме тера да плачам како мало дете?
Ме прашува ли некој за што сонувам, што посакувам, што очекувам?
Ме прашува ли некој кои се моите стравови, кои се моите најголеми кошмари, што е она што навистина ме плаши?
Ме прашува ли некој што се наоѓа во моето срце?
Не сакам кога ме прашуваат, не сакам да ме прашаат… оние на кои им значам ги дознаваат сите одговори гледајќи ме во очи, очите зборуваат најмногу и најгласно од сите кажани зборови. Прашањата се непотребни, тие го имаат клучот од моето срце, каде што лежат сите одговори.